Манчестер јунајтед влегува во битка за Тимо Вернер

Од:

Манчестер јунајтед е подготвен да влезе сериозно во битката за напаѓачот на Лајпциг, Тимо Вернер, пренесува „Манчестер Ивнинг Њуз“.

До сега се сметаше дека Германецот е близу до трансфер во Ливерпул, но „црвените ѓаволи“ може да ги поматат сметките на големиот непријател.

Всушност, „Олд Трафорд“ користел слична анализа со онаа што се користи во Ливерпул за да ги идентификува нивните најсоодветни трансфер цели. Значи има совршена смисла двата клуба да го сакаат истиот фудбалер, имено Вернер.

Дваесет и четири-годишниот напаѓач има многу силна сезона. Тој запиша 27 голови и 12 асистенции од почетокот на кампањата на сите турнири.

Интересот за него е доста сериозен, а неговото име се поврзува за трансфер во неколку други клубови, вклучувајќи ги Челси, Баерн Минхен и Интер.

Би можело да ве интересира

Легендарен фудбалски тренер е во болница поради мозочен удар

А1он

ВИДЕО: Скандал во Бугарија – претепан делегат на натпревар

Предраг Петровиќ

Фудбалерите на Милан го совладаа Емполи во 24. коло од Серија А

Србија и Албанија ќе се домаќини на ЕП за млади во 2027

Де ла Фуенте останува селектор на шпанската репрезентација до крајот на ЕП 2028 година

Колапс на ѕвездата која заработи милиони: На 32 години работи за плата од 420 евра