Манчестер јунајтед се откажува од трансфер оваа година

Од:

Манчестер јунајтед ќе се откаже од трансфер, според „Мирор“.

Според весникот, ова лето „црвените ѓаволи“ нема да испратат понуда до Џејден Санчо.

Поранешниот играч на Манчестер Сити е поврзан со еден куп европски гиганти, меѓу кои и „граѓаните“, Барселона, Реал Мадрид, Челси, Ливерпул, Арсенал и Баерн Минхен, но Јунајтед е големиот фаворит.

Сепак, според публикацијата, Борусија Дортмунд воопшто не е под притисок да ја продадат својата sвезда и затоа нема да направат попусти во цената – 100 милиони евра.

За Јунајтед, сепак, ова не е разумно, особено во вакви неизвесни финансиски времиња.

Неодамна, извршниот потпретседател на англискиот гигант Ед Вудворд објави дека скапите трансфери во наредните месеци би биле неоправдани пред лицето на новата реалност со која ќе се соочи спортот.

Така, Манчестер Јунајтед скоро сигурно ќе чека 12 месеци и ќе излезе со понуда за Санчо во летото 2021 година.

Би можело да ве интересира

Легендарен фудбалски тренер е во болница поради мозочен удар

А1он

ВИДЕО: Скандал во Бугарија – претепан делегат на натпревар

Предраг Петровиќ

Фудбалерите на Милан го совладаа Емполи во 24. коло од Серија А

Србија и Албанија ќе се домаќини на ЕП за млади во 2027

Де ла Фуенте останува селектор на шпанската репрезентација до крајот на ЕП 2028 година

Колапс на ѕвездата која заработи милиони: На 32 години работи за плата од 420 евра