Манчестер Јунајтед го победи Ливерпул со 3-2 во дербито на Премиер лигата денес.
Јунајтед водеше со 2-0 на преполниот Олд Трафорд благодарение на головите на Матеуш Куња во шестата минута и Бенџамин Шешек во 14-тата минута, но Ливерпул израмни на почетокот на второто полувреме преку Доминик Собослај во 47-тата минута и Коди Гап во 56-тата минута.
Сепак, Коби Маино го постигна победничкиот гол за Јунајтед во 77-мата минута.
Јунајтед е трет на табелата со 64 бода, додека Ливерпул е четврти со 58.
