Манасков: Треба да се извлечат поуки од загубениот натпревар

Од:

Македонската ракометна репрезентација вчера го забележа првиот пораз на шампионатот во Франција, совладанa беше од Словенија (22:29). Дејан Манасков истакна дека од поразот треба да се извлечат поуки.

– Прв пораз, заслужено победија Словенците. Дуелот го загубиме на почетокот, противникот се одлепи, а ние промашивме зицери. Голманот Скок беше расположен. Ова е Светско првенство еден натпревар е загубен и треба да се извлечат поуки и да се обидеме да добиеме еден од преостанатите два натпревара и да се пласираме во вториот круг, рече левото крило на македонската репрезентација.

За „црвено-жолтите“ денеска е слободен ден во пресрет на последните два дуела од групата што ги играат против Шпанија (утре) и со Исланд (четврток).

За сигурен пласман во следната фаза на Македонија потребен и е еден бод од двата натпревара или денеска Тунис да не ја победи Словенија.

Од групата Б покрај дуелот Тунис – Словенија во 4.коло играат уште и Исланд – Ангола.

Табела: Словенија 6 бода, Шпанија 4, Македонија 4, Исланд 1, Тунис 1, Ангола 0.

Би можело да ве интересира

Франција се закити со бронза на ракометното СП

А1он

Полска и Шведска домаќини на СП во ракомет во 2023

Ана Ололовска

Македонската ракометна репрезентација со пораз од Белорусија го заврши настапот на СП

Ана Ололовска

Лазаров: Го допревме дното

Ана Ололовска

Македонските ракометари денеска против Словенија ја отвораат главната фаза на СП

Ана Ололовска

Македонските ракометари поразени од Шведска на стартот на Светското првенство

Жарко Настоски