Маљковиќ гостинка на МКФ

Од:

Марина Маљковиќ ќе биде гостин на Македонската кошаркарска федерација и ќе одржи демонстративен тренинг со сениорскиот национален тим во женска конкуренција. Тренингот ќе биде одржан непосредно пред почетокот на пријателскиот турнир во организација на МКФ, на 1 јуни во Спортскиот центар „Јане Сандански“, соопштија од федерацијата.

Маљковиќ со сениорскиот национален тим во женска конкуренција на Србија има освоено златен медал на Европското првенство во 2015 година и бронзен медал на Летните Олимписки игри одржани минатата година, шест титули во низа во српското домашно првенство со Хемофарм и со Партизан, шест награди „тренер на годината“ во Србија и последен во низата успеси е и истапување на европската клупска сцена (Евролига) со Галатасарај чиј тренер е од минатата натпреварувачка сезона.

– Сакам да придонесам за развојот на кошарката во Македонија и воедно да ја изразам својата поддршка на активирање на женската репрезентација. Во Скопје ќе одржам еден вселенски демонстративен тренинг, порача Маљковиќ.

Таа речиси пет години беше на кормилото на сениорската репрезентација во женска конкуренција на Србија.

Македонската кошаркарска федерација изразува благодарност до Македонскиот Олимписки комитет (МОК) кој даде безрезервна поддршка за одржување на овој демонстративен тренинг.

Би можело да ве интересира

Аеродромци гневни на одлуката на КФМ: Правдата ќе ја бараме на суд!

А1он

Тодоров стави 24 играчи на поширокиот список

Ана Ололовска

Антиќ: Ќе ја вратиме кошарката на местото кое го заслужува

Ана Ололовска

Антиќ едногласно избран за нов претседател на Кошаркарска федерација на Северна Македонија

Ана Ололовска

Иницијатива за останување на Наумоски на позицијата претседател на МКФ

Ана Ололовска

МКФ ги суспендира „Градски парк“ и малата сала во „СРЦ Кале“

Ана Ололовска