Макс Ферстапен постигна уште еден значаен успех во Лас Вегас со освојувањето на петтото место на Гран при трката, што беше доволно за да се закити со титулата Формула 1 шампион.
Популарниот летечки Холанѓанец сега има ист број титули како и легендарниот Алан Прост и Германецот Себастијан Фетел, што го прави еден од најуспешните возачи во историјата на спортот.
Иако Ферстапен беше ѕвезда на вечерта со освојувањето на титулата, сепак треба да се истакне маестралниот настап на возачите на Мерцедес, Џорџ Расел и Луис Хамилтон, кои остварија двоен триумф на трката за Големата награда на Лас Вегас. Нивниот одличен настап дополнително ја зачини вечерта исполнета со возбуда и неизвесност.
По победата, тимот на Ред Бул му честиташе на Макс Ферстапен за четвртата титула во Формула.
MAX VERSTAPPEN IS THE 2024 F1 WORLD CHAMPION! 🏆
A brilliant fourth title in-a-row! Incredible!!!#F1 #LasVegasGP pic.twitter.com/kiBpPmV86H
— Formula 1 (@F1) November 24, 2024
Макс Ферстапен уште еднаш го потврди статусот на еден од најголемите Формула 1 возачи на денешницата освојувајќи ја својата четврта шампионска титула.
Неговата неуморна работа, талент и посветеност на овој спорт му донесе заслужено место меѓу великаните на Формула 1.