Македонските тенисери со скок на АТП листата, а Ѓоковиќ остана водечки

Од:

Македонските тенисери направија мал скок на АТП листата со последната промена објавена вчера.

Томислав Јотовски и натаму е најдобро рангиран со 26 поени се наоѓа на 778. место. Тој има скок од девет места.

На позицијата 1001 се наоѓа Димитар Грабул со 11 поени (скок шест места), додека напредок од 33 места имаат Стефан Мицов и Горазд Србљак, кои се наоѓаат на 1635 место со по 2 поена.

Пласман уште има и младиот Бојан Јанкуловски, кој со 1 поен е на 1957 место.

На врвот водечки е Новак Ѓоковиќ со 14.040 поени, пред Енди Мареј, додека на третата позиција е шампионот на УС Опен Стан Вавринка. Во првите пет се уште Рафаел Надал на 4. место и Кеи Нишикори на 5. место.

Позицијата во ТОП 5 ја загуби Рожер Федерер, кој поради повреда не играше на Грен слем турнирот во Њујорк и има пад од три места.

Би можело да ве интересира

Шпанскиот тенисер Алкараз за 57 минути се пласираше во четвртфиналето на турнирот во Пекинг

Алкараз: „Тоа ќе не убие“

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Ѓоковиќ го испеа познатиот хит и најави спектакл во Бугарија со Димитров

„Надал е подготвен да се пензионира“

Предраг Петровиќ

Синер во четвртфиналето на УС Опен

Медведев во осминафиналето на УС Опен