Македонските тенисери поразени од Луксембург

Од:

Македонската тениска селекција и следната година ќе игра во Третата Евро-африканска зона на Дејвис Купот.

Откако во групната фаза остварија три победи, денеска нашите тенисери се поразени од Луксембург во решавачкиот меч за влез во втората зона.

Македонија загуби од Луксембург со 2-1 во мечеви откако Димитар Грабул во беше поразен од Уго Настаси со 0-2 по сетови 4:6 и 3:6, односно во вториот меч, Томислав Јотовски го израмни резултатот совладувајќи го Криштоф Тол со 2-0 по сетови 6:4 и 6.3.

Во решавачкиот трет меч во двојки, Грабул и Јотовски, против Кнаф и Дидерих со 1-2, по сетови 5-7,6-4,2-6.

На крајот од турнирот кој се играше во бугарскиот град Созопол, Македонија заврши како трето пласирана и без пласман во повисок ранг на натпреварување во Дејвис купот.

Би можело да ве интересира

Исплашената Ема Радучану заплака кога виде маж на трибините, ВТА објасни што се случило

Предраг Петровиќ

Венус Вилијамс се уште игра на 45 години

Предраг Петровиќ

Српскиот тенисер Меѓедовиќ го „згази“ Медведев

Предраг Петровиќ

Здружението на Ѓоковиќ за Синер: „Пристрасноста е неприфатлива“

Синер објасни зошто прифатил суспензија: „Случајот ми висеше над глава една година“

Синер е суспендиран на три месеци поради позитивниот допинг тест