Македонските тенисери „одат“ на првите двајца носители

Од:

Двајцата најдобри македонски тенисери Димитар Грабул и Томислав Јотовски ги продолжуваат настапите на фјучрс турнирите.

На турнирот во Еупен, Белгија Грабул во 1.коло попладнево ќе игра против домашниот тенисер Јаник Ројтер (2.носител). Ројтер се наоѓа на 291.место на АТП, а Грабул успеа да го победи пред еден месец на турнирот во Авр со 2:1 во сетови.

Томислав Јотовски на фјучрсот во Нови Сад „налета“ на првиот носител Иван Бјелица од Србија, кој е на 389.место.

Настап на турнир во Арад, Романија ќе има и Лина Ѓорческа. Таа е рангирана како носител број 6 и во 1.коло ќе настапи против квалификантката од Словачка, 17-годишната Барбара Котелесова.

Би можело да ве интересира

Алкараз: „Тоа ќе не убие“

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Ѓоковиќ го испеа познатиот хит и најави спектакл во Бугарија со Димитров

„Надал е подготвен да се пензионира“

Предраг Петровиќ

Синер во четвртфиналето на УС Опен

Медведев во осминафиналето на УС Опен

Синер: „Знам кој ми е пријател, а кој не“

Предраг Петровиќ