Македонските ракометари ја добија првата контролна против Кувајт

Од:

Македонската ракометна репрезентација славеше на првиот контролен натпревар против Кувајт со 27-24 (14-9) кој се одигра во Србија и со тоа успешно ги стартуваше подготовките за ЕП 2020 година.

Селекторот Данило Брестовац им даде минутажа на речиси сите ракометари. „Жолто-црвените“ ја диктираа играта и противникот беше тој кој го бркаше резултатот, кој во еден момент во второто полувреме беше и +6 за нашата селекција.

Најефикасен беше Костески со осум погодоци, додека по четири гола запишаа Марковски и Велковски.

Вториот натпревар меѓу Македонија и Кувајт се игра утре (четврток) од 19:00 часот, а потоа репрезентативците заминуваат за Букурешт каде ќе учествуваат на Трофеј „Карпати“ претстојниов викенд.

Европското во јануари се игра во Австрија, Шведска и Норвешка, а ние во група ќе играме со домаќинот во Виена, како и со Чешка и Украина..

Би можело да ве интересира

Се онесвести на паркет данскиот судија кого го пцуеја Македонците за „грабежот“ против Холандија на СП во Вараждин

А1он

(ВИДЕО) Илјадници граѓани на Бан Јелачиќ ги чекаат хрватските ракометари

Португалија во транс, Мартим ја одведе во полуфинале

Комплетирано 1/4 финале: Кој против кого до битката за медали?

Хрватска го „скрши“ Исланд и се доближи до четвртфиналето

Бразилските ракометари ја победија Шведска и ја оставија без осминафинале

А1он