Македонските ракометари го победија Чиле и се пласираа во втората фаза на СП

Од:

Македонската ракометна репрезентација успеа да обезбеди пласман во втората, главна фаза на Светското првенство во Египет, откако попладнево во Каиро го совлада Чиле со 32:29.

Ова беше дуел од третото, последно коло во Г-групата на двете репрезентации кои беа поразени во првите две кола. Победата за „црвено-жолтите“ беше императив, а до неа се стигна со подобра игра во второто полувреме. Чилеанците беа подобри во првите 30 минути и на полувреме заминаа со водство 17:16. Сепак, во вториот дел, до израз дојде поголемиот квалитет со кој располага нашата репрезентација.

Најзаслужни за првиот триумф на Мундијалот во македонскиот национален тим беа капитенот Кирил Лазаров со седум погодоци и голманот Никола Митревски со 14 одбрани.

Во Главната фаза ривали на македонските ракометари ќе бидат Белорусија, Словенија и Русија.

Би можело да ве интересира

Се онесвести на паркет данскиот судија кого го пцуеја Македонците за „грабежот“ против Холандија на СП во Вараждин

А1он

(ВИДЕО) Илјадници граѓани на Бан Јелачиќ ги чекаат хрватските ракометари

Португалија во транс, Мартим ја одведе во полуфинале

Комплетирано 1/4 финале: Кој против кого до битката за медали?

Хрватска го „скрши“ Исланд и се доближи до четвртфиналето

Бразилските ракометари ја победија Шведска и ја оставија без осминафинале

А1он