Кадетската кошаркарска репрезентација на Македонија го претрпе првиот пораз на Европското првенство – Б дивизија што се одржува во Сараево.
Нашите кадети загубија од Естонија со 68:65 (25-5,10-18,17-24, 16-18).
По катастрофалната прва четвртина кога нашите постигнаа само пет поени, немаа сили да ја анулираат предноста на противникот.
Најефикасен на натпреварот беше Роберт Валге од Естонија со 29 поени, додека Ненад Димитријевиќ за Македонија постигна 27.
Овој пораз значи дека Македонија мора утре да ја победи Финска за да биде сигурна на едно од првите две места во групата, доколку загуби и од Финска тогаш ќе очекува триумф на Бугарија над Естонија.
Денеска во првиот натпревар од А групата Финска ја победи Норвешка 71:36.
Вечерва играат Бугарија – Португалија.
Финска е прва со скор 4-0 (победи – порази), Македонија има 3-1, Естонија 2-2, Бугарија 1-2, Португалија 1-2, Норвешка 0-4.