Македонските кошаркарски јуниори ја победија Австрија

Од:

Репрезентација на Македонија составена од играчи до 18 години попладнево ја победи со 60:52, но недоволно за да ги задржи шансите да се бори 9.местото на Европското кошаркарско првенство Б дивизија кое се одржува во Софија.

Избраниците на селекторот Мирза Куртовиќ иако ја загубија првата четвртина со 15:9, со ефикасни втори десет минути успеаја на полувреме да заминат со минус еден (25:26).

Третиот период беше рамноправен и само со еден поен разлика им припадна на Австријците, а решавачката предност македонските млади кошаркари ја остварија во последната четвртина која ја решија во своја корист со 23.15.

Најефикасен во македонскиот состав беше Андреј Цветковски со 13 поени, Дејан Србиновски, Лука Петровски и Андреј Маслинко постигнаа по 12 поени додека Филип Бакоч застана на 11 поени.

Со евентуален триумф на Исланд кој е лидер во Х групата против Норвешка, доколку Македонија победеше со девет разлика ќе имаше шанса да игра за пласман од 9 до 12.место.

Во круг со ист број бодови кош разликата е на страна на Норвешка (+3), Македонија има +2, а Австрија -5.

Би можело да ве интересира

Почина млад српски кошаркар (15)

Кошаркарите на Црвена звезда се првите финалисти на Купот Радивој Корач

Огњен Добриќ стана 10-тиот најдобар стрелец во историјата на „Црвена звезда“

Кошаркарите на Партизан го победија Монако во 26. коло од Евролигата

Горан Наумовски

Кошаркарите на Црвена звезда ја совладаа Алба во Берлин во 26. коло од Евролигата

Почина Дражен Далипагиќ

А1он