Македонските кошаркари убедливи против Словачка

Од:

Македонската кошаркарска репрезентација ја совлада Словачка со 87:74 вечерва во СЦ „Јане Сандански“ за трета победа во групата А од претквалификациите за Евробаскет 2021.

Предводени од триото Ричард Хендрикс – Бојан Трајковски – Војдан Стојановски, нашите репрезентативци мечот го отворија со 25:21 во првиот период, а на полувреме водеа со 52:27.

Предноста беше доволна за рутинирано второ полувреме во кое селекторот Давитков им даде шанса на сите играчи со кои располагаше во ростерот.

Македонија се зацврсти на врвот на табелата со максимални три победи.

Би можело да ве интересира

Ефес го “прегази“ Макаби

Предраг Петровиќ

Шокантна одлука во НБА, има 21 година и се пензионира

Предраг Петровиќ

Најнов „пресек“: ФИБА ја објави ранг листата – Србија втора во светот

Предраг Петровиќ

Мицкоски: Награда од три милиони денари за кошаркарите кои освоија злато на Европското првенство

Летонците и го украдоа првото место на Србија – нова шлаканица за САД

Немирна ноќ во Берлин – тепачки меѓу навивачите на Панатинаикос и Олимпијакос