Кошаркарска репрезентација на Македонија вечер од 20 часот и 30 минути во салата Јасмин во Кавадарци ја пречекува селекцијата на Унгарија во рамките на 3.коло од Г групата во квалификациите за пласман на Европското првенство во 2017 година.
Во првите две кола Унгарците предводени од центарот Стојан Ивковиќ имаат максимален ефект од две победи и се издвоија како еден од најсериозните кандидати за директен пласман на Еврбаскетот во 2017.
„Црвено-жолтите“ во воведните две кола имаат половичен успех победа над Луксембург и пораз од Велика Британија.
Македонската селекција ќе биде осетно ослабена поради неиграњето на еден од нашите најдобри кошаркари повредениот Дамјан Стојановски, кој на дуелот против Велика Британија во Лондон ги скина предните вкрстени лигаменти на десното колено.
На местото на повредениот Стојановски во националниот дрес ќе настапи кошаркарот на МЗТ Скопје, Адем Мекиќ.
Досега Македонија против Унгарија одиграла шест средби во кои има биланс од четири победи и два пораза.