Кадетската репрезентација на Македонија денеска ќе го започне својот настап во Б дивизијата на Европското првенство за кошаркари до 16 години што се одржува во Софија, Бугарија.
Кадетите предводени од селекторот Горан Ѓорѓиевски ќе играат во Д групата, во која први противници ќе им бидат врсниците од Грузија, селекција која во подготвителниот период ја победија на турнир во Истанбул.
Натпреварот Македонија – Грузија ќе започне во терминот од 17:15 часот.
По Грузијците, црвено-жолтите редоследно за противници ќе ги имаат и репрезентациите на Косово (петок), Велика Британија (сабота), Португалија (понеделник) и Луксембург (вторник).
Првопласираните две селекции од групата ќе се пласираат во четвртфиналето, додека трето и четврторангираните ќе разигруваат за пласман од 9-16 место. Двете последно рангирани ќе разигруваат за пласман од 17 до 24 место.