Младата јуниорска кошаркарска репрезентација на Македонија ја забележа втората победа во Б дивизијата на Европскиот шампионат за играчи до 18 години, што се одржува во Естонија.
Нашите јуниори во меч од 4.коло на Д групата одигран попладнево, убедливо ја совладаа Швајцарија со 80:61 по четвртини 23-17, 17-17, 24-15 и 20-12.
Најефикасен во нашата селекција беше Крствески кој постигна 22 поени, додека Лука Стојановски и Андреј Јордановски придодадоа по 18, односно 17 поени.
Во вториот меч од нашата група Данска ја изненади Белгија со 64-59.
Така сега Естонија која вечерва игра против аутсајдерот Ирска, заедно со селекциите Белгија, Македонија и Данска имаат по 6 бодови, додека последно пласираната Ирска е на само три бода.
Утре во рамките од последното коло на групната нашите јуниори ќе играат против Естонија, а во останатите две средби ќе се сретнат Белгија – Швајцарија и Данска – Ирска.