Македонските футсал репрезентативци убедливи против Грузија

Од:

Македонската А футсал репрезентација оствари убедлива победа од 9:4 против Грузија во првиот од двата контролни натпревари меѓу двете селекции.

Прашањето околу победникот беше решено во воведните три минути. Македонија по 174 секунди веќе имаше предност од три гола. Дарко Ранготов погоди за отворање на резултатот, капитенот Зоран Левески ја удвои предноста, а Александар Глигоров стрелаше за 3-0 на истекот од третата минута. Одличното прво полувреме со погодок за 4-0 го круниса Адријан Мицевски. Неколку прекрасни одбрани на нашиот гол имаше Антонио Петровски.

Доминацијата на македонската репрезентација продолжи и во второто полувреме. Во првата минута од продолжението, Дарко Ранготов го постигна својот втор погодок за 5-0, а по само 60-на секунди во листата на стрелци се запиша и Мартин Тодоровски за 6-0. Гостинската репрезентација постигна два гола во 26-та и минута подоцна за намалување на резултатот на 6-2. Нашиот капитен Левески пет минути подоцна погоди за 7-2, а хет-трик во 35. минута запиша Дарко Ранготов за 8-2. Со гол од половина терен, Ферид Агуши зголеми на 9-2, гостинскиот состав до крајот успеа само да намали на 9-4 со два гола 37. и 38. минута.

Вечер од 20 часот и 15 минути Македонија и Грузија го играат вториот пријателски натпревар во малата сала во С.Ц. “Јане Сандански”.

Би можело да ве интересира

Српски тренер доби отказ затоа што му го честиташе роденденот на Путин

ВИДЕО: Хулигани нападнаа српски спортисти во Брчко

Предраг Петровиќ

Македонските футсалци со реми го почнаа двомечот со Црна Гора

Ана Ололовска

Футсал виртуозот Рикардињо ја заврши репрезентативната кариера

А1он

Македонската футсал репрезентација до 19 години поразена од Црна Гора

А1он

Стартува новата футсал сезона, во недела дерби помеѓу КМФ Железарец и КМФ Проект

Ана Ололовска