Македонската експедиција која изминатите десетина дена учествуваше на Европското фудбалско првенство се попладнево со чартер-лет се врати во Скопје.
Репрезентативците на скопскиот аеродром беа пречекани од директорот на Агенцијата за млади и спорт, Наумче Мојсовски, претседателот на КФСМ, Перо Антиќ, како и од навивачи.
„Црвено-жолтите“ на својот дебитантски настап на едно ЕП забележаа три порази, но се прикажаа во солидно светло и достоинствено го претставија македонскиот фудбал.
Загубија со 1:3 од Австрија и 1:2 со Украина на средбите што се одиграа во Букурешт, и со 0:3 од Холандија на вчерашниот меч на „Јохан Кројф“ во Амстердам.
На оваа првенство во репрезентативниот дрес за последен пат настапи Горан Пандев.