Љубомир Спасиќ македонскиот репрезентативец во кајак е задоволен од настапот на Светскиот куп во Цеље Словенија на 9 и 10 јуни каде се натпреваруваше во дисциплините спуст во класик на 7 км и спринт на 300 метри.
Како што информира Спасиќ за МИА, покрај присуството на голема конкуренција тој во однос на Светското првенство во Бања Лука, го подобрил својот настап и успеал да ја намали разликата од прво пласираниот натпреварувач од 4 на 2,5 секунди.
– Мојот пласман во Цеље на Светскиот куп во класик е на 38 позиција од вкупно 52 натпреварувачи од 23 земји учеснички. Додека во спринт кој се вози на 300 метра како и дисциплината слалом од која преминав на оваа дисциплина, значително го подобрив мојот резултат во однос на Светското првенство и успеав да се пласирам во првата половина од натпреварувачите, односно на 26. место од вкупно 59 натпреварувачи. Ова е голем напредок за мене како спортист и за македонскиот кајак, потенцира Спасиќ.