Македонскиот дрес најубав на ЕУРО2020 во избор на ЕСПН

Од:

Македонскиот фудбалски дрес на коj е симболизирано државното осмокрако сонце во двете црвено – жолта и бела комбинација е најубав во конкуренција на 24-те учесници на ЕУРО2020, во избор на американската телевизиска мрежа ЕСПН.

– Ни се допаѓа буквално сè што содржи овој дрес. Тие се нација за која повеќето луѓе не знаат дека постои, но ми се допаѓа фактот дека нивното знаме е толку директно претставено на нивните дресови. Нивното знаме е импресивно, тоа го нарекуваме намера, а доколку го имате и на дресот тогаш дефинитивно имате и шанса, го образложија својот заеднички избор, еден од уредниците на „ЕСПН“ Клинтон Јетс и поранешниот американски фудбалски репрезентативец Херкулес Гомес, кој сега работи како стручен коментатор за американската телевизиска мрежа.

Македонскиот фудбалски дрес во црвено – жолта и во бела комбинација е дизајниран од германскиот производител на спортска опрема „Јако“, кој од 2014 година ги „облекува“ македонските фудбалски репрезентации.

Би можело да ве интересира

Канатларовски: Заслуживме бод, момците одиграа многу храбро и со голема пожртвуваност

Ана Ололовска

ВИДЕО: Фудбалерите со „Земјо Македонска“ го прославија пласманот во баражот за СП 2022

Ана Ололовска

Милевски: Фудбалерите ја оправдаа довербата, имаме потенцијал уште да напредуваме

Ана Ололовска

Пендаровски им честиташе на фудбалерите за победата против Исланд

Ана Ололовска

ВИДЕО: Историска победа на фудбалската репрезентација на Македонија

Ана Ололовска

ВИДЕО: Македонија со гол предност по првото полувреме

Ана Ололовска