Македонски репрезентативци, членови на „Д Стронгест & РУТС БЏЏ“ на „MASTER BJJ OPEN“ во Белград освоија 5 медали

Од:

На турнирот „MASTER BJJ OPEN“ во Белград, Србија 4 македонски репрезентативци, членови на клубот „Д Стронгест & РУТС БЏЏ“ од Кисела Вода предводени од селекторот Ивица Алексовски освоија 5 медали. Во категорија на возрасни со 4 натпреварувачи освоија 4 место.

– Во Белград настапивме со 4 репрезентативци, членови на нашиот клуб. Во категорија на возрасни натпреварувачи со 4 наши членови освоивме 4 место. Ева Илиевска со 5 победи успеа да освои 2 златни медали, Ненад Мрчковски кој за првпат се натпреваруваше на меѓународен турнир се закити со златен медал во катергорија на мажи – 70 кг., бел појас, додека во апсолутна категорија освои 3 место. Михаил Поповиќ освои 3 место во категорија -70 мажи, плав појас, додека во апсолутната категорија загуби во полуфинале и во борбата за 3 место. Вања Милевски не успеа да освои медал, загуби во полуфиналниот натпревар, а потоа не се бореше за 3 место поради здравствени проблеми, изјави тренерот на „Д Стронгест & РУТС БЏЏ”, Ивица Алексовски.

Би можело да ве интересира

Исплашената Ема Радучану заплака кога виде маж на трибините, ВТА објасни што се случило

Предраг Петровиќ

Венус Вилијамс се уште игра на 45 години

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Скандал во Бугарија – претепан делегат на натпревар

Предраг Петровиќ

Почина млад српски кошаркар (15)

Српскиот тенисер Меѓедовиќ го „згази“ Медведев

Предраг Петровиќ

Здружението на Ѓоковиќ за Синер: „Пристрасноста е неприфатлива“