Македонски мотоциклисти на Источно-европскиот шампионат во Грција

Од:

Петмина македонски мотоциклисти ќе ја претставуваат Мотоциклистичка федерација на Македонија (МФМ) на првиот натпревар од отворениот Источно-европски шампионат на кружни патеки што ќе се одржи денеска на патеката во Серес, Грција.

Игор Спиров (МК Гого, Сузуки) и оваа година ќе настапува во класата супербајк до 600 ссм. Тој минатата година го оствари најголемиот македонски успех во оваа конкуренција освојувајќи го четвртото место во генералниот пласман. Во истата класа ќе настапи и повратникот на патеките Благоја Мартиновски (МК Сакамото, Кавасаки).

Сашо Николов (МК Тумац, Јамаха) ќе се обиде да продолжи со успешните настапи во класата супербајк до 1.000 ссм. Минатата година Николов беше на делбата од петтото место во конечниот пласман.

Слободан Ивчески (МК Сакамото, Сузуки) кој по две години настапи во супермото одлучи да настапува и на кружни патеки. Нивниот меѓусебен дуел ќе биде посебно интересен за македонската јавност со оглед на тоа што се работи за повеќекратни национални шампиони.

Ефтим Велјановски (МК Гого, Јамаха) ќе биде единствен наш претставник во класата супершток до 1.000 ссм.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Пукање меѓу моторџиски банди во САД: На собир на речиси 30.000 моторџии, најмалку три лица загинаа

Горан Наумовски

Бузалковски ја одбрани титулата на БМУ Европски шампионат

Ана Ололовска

Вчера полицијата казни 113 возачи на мотоцикли

Бастијанини од следната сезона во Дукати

Моторџија од БиХ повреден на автопатот кај Петровец

Две деца повредени во несреќен случај во Штип

Горан Наумовски