Македонската репрезентација во традиционално карате од 23 ноември до 1 декември ќе учествува на 17. Светско првенство што ќе се одржува во Каиро, Египет. Нашата репрезентација ќе ја претставуваат Дејан Недев, Аљоша Недев, Матеј Ангеловски, Јадранка Недева Јарчевска и Огнен Тасевски.
Дејан Недев е нашиот најуспешен каратист со две сребра и три бронзи, а и од шампионатот во Карио очекува медал.
– За овој шампионат се подготвувавме околу четири месеци и сметам дека и физички и психички сме на потребното ниво. Подготовките беа во Македонија и во странство. Очекувам медал, а со малку среќа тој може да биде и златен, изјави Недев на денешната прес-конфереција пред заминувањето за Египет.
Ова ќе биде 12. учество за Македонија на СП. Досега има освоено вкупно 6 медали од кои 2 сребрени и 4 бронзени.