Македонската кошаркарска репрезентација ги доби противниците на Медитеранските игри

Од:

Противници на македонската кошаркарска репрезентација на Медитеранските игри ќе бидат Египет, Алжир и домаќинот Турција. Ова е епилогот по изцвлекувањето на групите за игрите кои ќе се одржат во градот Мерсин.

Покрај четирите екипи во групата А каде се наоѓа и Македонија, на натпреварувањето годинава ќе настапат и Србија, Тунис и Италија кои беа извлечени во групата Б.

По одигрувањето на групната фаза, следуваат елиминации.

На последните Медитерански игри одржани во Пескара во 2009 година, Хрватска го освои златниот медал, пред Грција и Турција во конкуренција на вкупно осум екипи.

17-те Медитерански игри ќе се одржат од 20 до 30 јуни 2013 година, но дел од екипните спортови, меѓу кои и кошарката, ќе почнат да се играат уште пред Церемонијата за отворање на 20 јуни.

Конкретно, кошаркарскиот турнир започнува на 18 јуни и ќе се комплетира на 25 јуни.

На Медитеранските игри ќе настапат вкупно 24 земји, а Македонија е единствен дебитант. Во својата прва година, нашата земја ќе се натпреварува во вкупно 19 различни спортови.

Би можело да ве интересира

Почина млад српски кошаркар (15)

Кошаркарите на Црвена звезда се првите финалисти на Купот Радивој Корач

Огњен Добриќ стана 10-тиот најдобар стрелец во историјата на „Црвена звезда“

Кошаркарите на Партизан го победија Монако во 26. коло од Евролигата

Горан Наумовски

Кошаркарите на Црвена звезда ја совладаа Алба во Берлин во 26. коло од Евролигата

Почина Дражен Далипагиќ

А1он