Македонската кошаркарска репрезентација на турнир во Шангај

Од:

Македонската медитеранска кошаркарска репрезентација ќе учествува на турнир во Шангај, Кина како дел од подготовките за Европското првенство во Словенија.

Селекторот Марјан Србиновски покрај „медитеранскиот“ состав на на располагање ги има и браќата Дамјан и Војдан Стојановски.

На списокот на играчи се наоѓаат: Александар Костоски, Војдан Стојановски, Дамјан Стојановски, Дарко Соколов, Горјан Марковски, Марко Симоновски, Владимир Брчков, Бојан Крстевски, Александар Штерјов, Синиша Аврамовски, Бојан Трајковски и Стојан Ѓуровски.

Според распоредот на натпреварите прв противник на Македонија в петок (19 јули) е селекцијата на Црна Гора, следниот ден игра со домаќинот Кина, а последен противник е Исланд на 21 јули.

Репрезентацијата утревечер преку Истанбул заминува за Шангај, а се враќа на 23 јули.

Би можело да ве интересира

Почина млад српски кошаркар (15)

Кошаркарите на Црвена звезда се првите финалисти на Купот Радивој Корач

Огњен Добриќ стана 10-тиот најдобар стрелец во историјата на „Црвена звезда“

Кошаркарите на Партизан го победија Монако во 26. коло од Евролигата

Горан Наумовски

Кошаркарите на Црвена звезда ја совладаа Алба во Берлин во 26. коло од Евролигата

Почина Дражен Далипагиќ

А1он