Македонската химна интонирана на „Хунгароринг“ за победата на Иџе

Од:

Во чест на победата на македонскиот автомобилист Игор Стефановски Иџе денеска на прославената Ф-1 патека „Хунгароринг’’ беше интонирана македонската химна.

Имено, Стефановски реши да учествува на првата трка на „ЦЕЗ’’ на кружни патеки со цел да се привикне на метежот кој му создаваше проблеми на првите две трки во „ETЦЦ’’ Шампионатот. Иако, практично дебитираше на оваа патека, популарниот Иџе на крајот заврши како прв и се искачи на највисокото место на пиедесталот.

– Супер се чувствувам, работевме на автомобилот, а исто така разгледувавме и многу други детали и тактики на возење. Добро е чувството да се биде на подиум, поточно на првата позиција, иако немаше некоја голема конкуренција, а прв пат на оваа патека беше пуштена македонската химна, што за мене претставува огромно задоволство. Овде дојдовме да направиме тренинг пред третата рунда од Европскиот туринг куп на патеката Хирбургринг, а тренинг на трка како овој викенд е најдобар начин за постигнување на нашите цели. Утре се вози втората трка, следат уште повеќе извозени тркачки кругови. Ги поздравувам сите мои фанови, ми значи вашата поддршка, изјави Стефановски.

Ова е добра најава дека Иџе се подобро се снаоѓа во новиот предизвик односно „ETЦЦ’’ Шампионатот во кој се префрли оваа година, по двете последователни европски титули на трките на ридски патеки.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Пандев, Лазаров и Стефановски веќе нема да рекламираат игри на среќа

Катерина Ѓуровски

Игор Стефановски-Иџе во партнерство со „Макпетрол“ до врвни резултати на европските авто-трки

Стефановски остана без пласман на денешната трка во Имола

Ана Ололовска

ВИДЕО: Стефановски со своето „Хјундаи“ удри во заштитната ограда и остана без пласман

Ана Ололовска

Стефановски четвртопласиран во Монца

Ана Ололовска

Стефановски победи на „Валелунга“ во трка од ТЦР шампионатот

Ана Ололовска