Македонската футсал селекција пропушти шанса за победа над Унгарија

Од:

Македонската репрезентација во мал фудбал, или популарниот футсал, со „реми“ ги започна квалификациите за Европското првенство, кое во 2016 година ќе се одржи во Србија.

Македонските фудбалери, пропуштија шанса за победа и одиграа нерешено 3:3 со селекцијата на Унгарија, во вториот меч од првото коло на квалификациската група 2 чии средби се играа во СЦ „Борис Трајковски’’ во Скопје.

Со двата гола на Мартин Тодоровски во првото полувреме (14. и 17-минута) нашата селкција имаше водство од 2:0. Во вториот дел. Унгарците преку Тренчерњи во 30. минута и Хошу во 35. минута стигнаа до израмнување. Само 30 секунди подоцна Адријан Мицевски го постигна третиот гол за Македонија за водство од 3:2. Сепак, избраниците на селекторот Скендеровски не го издржаа притисокпт на противникот и на минута да крајот примија гол, односно, тоа беше автогол на нашиот репрезентативец Агуши.

Во првиот натпревар од оваа група, фаворитот Шпанија ја победи Швајцарија со 9:1.

Токму, Швајцарија ќе биде вториот противник на македонската футсал селекција, и тоа, утре во мечот кој ќе започне од 19 часот, додека во првиот натпревар од второто коло, утре, ќе играат Шпанија и Унгарија, во терминот од 16 часот.

Натпреварите од 3.коло ќе се играат во сабота: Швајцарија – Унгарија (16 часот) и Македонија – Шпанија (18 часот и 30 минути).

Табела: Шпанија 3 бодови, Македонија 1, Унгарија 1 и Швајцарија 0.

Според пропозициите директен пласман на ЕП, обезбедат само првопласираните селекции од секоја од седумте групи. Репрезентациите кои ќе го освојат второто место како и една трето пласираната селекција ќе играат во баражот за преостанатите четири места.

Би можело да ве интересира

Српски тренер доби отказ затоа што му го честиташе роденденот на Путин

ВИДЕО: Хулигани нападнаа српски спортисти во Брчко

Предраг Петровиќ

Македонските футсалци со реми го почнаа двомечот со Црна Гора

Ана Ололовска

Футсал виртуозот Рикардињо ја заврши репрезентативната кариера

А1он

Македонската футсал репрезентација до 19 години поразена од Црна Гора

А1он

Стартува новата футсал сезона, во недела дерби помеѓу КМФ Железарец и КМФ Проект

Ана Ололовска