Македонската „футсал“ селекција подготвена за квалификациите за ЕП

Од:

Македонската репрезентација во мал фудбал или популарниот „футсал“ од утре до сабота ќе биде домаќин на втората квалификациска група за Европското првенство што во 2016 година ќе се одржи во Србија.

Натпреварите на кој Македонија за противници ќе ги има Унгарија, Швајцарија и Шпанија ќе се играат во СЦ „Борис Трајковски’’ во Скопје.

Селекторот на македонската „футсал“ репрезентација, Васко Скендеровски на денешната прес-конференција потенцира дека ова е најголема шанса за оваа генерација да се најде на завршницата на едно големо натпреварување.

– Првпат сме домаќини на еден квалификациски турнир. Многупати изјавував дека добивме група по мерка, група во која имаме шанса да се пласираме на ЕП. Сите велат историска шанса. Јас велам шанса на генерација, рече Скендеровски.

Тој посочи дека утрешниот меч против Унгарија е најважен за оваа генерација.

– Унгарија е противник кој треба да се почитува, ние имаме квалитети за победа која широко ќе ни ја отвори вратата за бараж. Унгарија е силна селекција во која како и кај нас, колективот е најсилно оружје. Негуваат модерен футсал, брзи трансформации, различни системи. Најтешката задача ќе ни биде да се прилагодиме. Имаме квалитет и ние. Очекувам голема поддршка од навивачите, тие да бидат шести играч, рече Скендеровски.

Нагласи дека Шпанија е апсолутен фаворит, дури и за европската титула на ЕП во Србија, Унгарија е силна, а Швајцарија е аутсајдер.

Според пропозициите директен пласман на ЕП, обезбедуваат само првопласираните селекции од секоја од седумте групи. Репрезентациите кои ќе го освојат второто место, како и една торопласираната селекција ќе играат во баражот за преостанатите четири места.

Распоред на натпревари:

(среда – 1.коло) 16:30 Шпанија – Швајцарија и 19:00 Македонија – Унгарија,

(четврток – 2.коло) 16:30 Унгарија – Шпанија и 19:00 Македонија – Швајцарија

(сабота – 3.коло) 16:00 Швајцарија – Унгарија и 18:30 Македонија – Шпанија.

Би можело да ве интересира

Српски тренер доби отказ затоа што му го честиташе роденденот на Путин

ВИДЕО: Хулигани нападнаа српски спортисти во Брчко

Предраг Петровиќ

Македонските футсалци со реми го почнаа двомечот со Црна Гора

Ана Ололовска

Футсал виртуозот Рикардињо ја заврши репрезентативната кариера

А1он

Македонската футсал репрезентација до 19 години поразена од Црна Гора

А1он

Стартува новата футсал сезона, во недела дерби помеѓу КМФ Железарец и КМФ Проект

Ана Ололовска