Македонската репрезентација во футсал денеска ги започнува натпреварите на квалификацискиот турнир за пласман на Европското првенство кое ќе се одржи во 2018 година во Словенија.
Црвено-жолтите од денеска до вторник ќе ги играат натпреварите во Ф групата на турнирот кој се одржува во Алмати, Казахстан.
Македонската футсал репрезентација на отворањето денеска ќе игра со домаќинот и „топ“ фаворит за првото место во групата, селекцијата на Казахстан. Натпреварот ќе се игра во терминот од 14 часот.
Веќе утре во рамките од 2.коло, нашите фудбалери за противник ќе ја имаат селекцијата на Чешка против која ќе играат во терминот од 11 часот и 30 минути, додека во последниот натпревар кој ќе го играме во вторник (13 часот) противик ќе биде репрезентацијата на Данска.
Директен пласман на ЕП во Словенија догодина ќе обезбедат само првопласираните репрезентации од седумте групи, додека второ рангираните, како и најдобро пласираната трета репрезентација од сите групи во септември ќе играат бараж натпревари.