Македонската футсал репрезентација минимално ја совлада Швајцарија

Од:

Македонија ја победи Швајцарија со 7:6 во 2. коло на квалификацискиот турнир за пласман на Европското првенство во футсал 2016.

Вчера во СЦ „Борис Трајковски“ Македонија беше на добар пат да оставри посакуван висок триумф и на десетина минути пред крајот водеше со 6:1, но му дозволи на противникот да стигне до пристоен пораз.

Адријан Мицевски беше стрелец на четири погодоци, Мартин Тодоровски двапати, а Зоран Левески еднаш ја погоди мрежата на Швајцарците.

Во последното трето коло в сабота Македонија игра со првиот фаворит во групата Шпанија која на првиот натпревар од овој круг ја победи Унгарија со 5:0 и со максимални две победи се наоѓа на првата позиција.

Македонија е втора со една победа и еден нерешен резултат, Унгарците се трети со еден нерешен резултат и еден пораз, а последна е Швајцарија со две загубени средби.

Би можело да ве интересира

Српски тренер доби отказ затоа што му го честиташе роденденот на Путин

ВИДЕО: Хулигани нападнаа српски спортисти во Брчко

Предраг Петровиќ

Македонските футсалци со реми го почнаа двомечот со Црна Гора

Ана Ололовска

Футсал виртуозот Рикардињо ја заврши репрезентативната кариера

А1он

Македонската футсал репрезентација до 19 години поразена од Црна Гора

А1он

Стартува новата футсал сезона, во недела дерби помеѓу КМФ Железарец и КМФ Проект

Ана Ололовска