Кошаркарската репрезентација на Македонија ќе биде дел од вториот квалитативен барабан на жрепката в сабота (10 декември) во Прага за составот на претквалификациските групи за ФИБА Светскиот шампионат во 2019 година во Кина.
Тринаесет селекции се поделени во четири барабани според резултатите од квалификациите за Евробаскетот во 2017.
Македонија извлекувањето го очекува во вториот шешир заедно со селекциите на Австрија, Шведска и Бугарија.
Во првиот според квалитет шешир се репрезентациите на Холандија, Босна и Херцеговина, Есонија и Белорусија.
Во третиот шешир се националните тимови на Словачка , Португалија, Албанија и Косово.
Во последниот барабан е само најдобрата селекција од првенството на мали држави, Ерменија.
На жрепката ќе бидат извлечени составите на четирите групи, три групи со по три селекции и една со четири репрезентации.
Двете најдобро пласирани репрезентации од секоја од четирите групи обезбедуваат пласман во квалификациите за Светското првенство во 2019 во Кина.
Претквалификациите почнуваат во ноември во 2017 година.
Во Прага на жрепката и на работните состаноци за младинските првенства ќе учествуваат и првите луѓе на Македонската кошаркарска федерација претседателот Петар Наумоски и генералниот секретар Моника Гаврилоска.