Македонија со важна победа против Косово во претквалификациите за Евробаскет 2021

Од:

Македонската кошаркарска репрезентација оствари победа со 73:76 (29:34) против Косово во првиот натпревар во втората фаза од претквалификациите за ЕП 2021 година.

Пред околу 3.000 гледачи во салата во Приштина, избраниците на Јорданчо Давитков забележаа многу важна победа, по која ќе се зголеми самодовербата на нашите репрезентативци во понатамошниот дел од претквалификациите.

Вистинска драма се одигра во последната четвртина откако на минута пред крајот нашиот тим имаше 8 поени предност (65:73) но домаќините со две тројки стигнаа на два поени негатива (71:73). Откако промашивме едно од двете слободни фрлања при следниот напад, плејмејкерот на тимот Дардан Бериша доби шанса да шутира 3 слободни фрлања на 7 секунди пред крајот, но капитенот на Косоварите беше прецизен само два пати, по што следеше фаул и две реализирани фрлања за Војдан Стојановски и конечна победа од 76:79.

Најпрецизен кај Македонија беше Бојан Трајковски со 17 поени и 11 скока, додека Дамјан Стојановски постигна 15 поени. Кај домаќините, Бериша беше незапирлив со 32 постигнати поени.

Следниот дуел за „црвено-жолтите“ е во недела, 16-ти септември кога ја пречекуваме репрезентацијата на Романија во СЦ „Борис Трајковски“.

Би можело да ве интересира

Кошаркарите на Партизан поразени од Барселона

Кошаркарите на Партизан поразени од Фенербахче во седмото коло од Евролигата

„Во последните осум години тој е најдобриот тренер во Европа“

Предраг Петровиќ

Европскиот првак го напаѓа Фенербахче без тројца играчи

Ефес го “прегази“ Макаби

Предраг Петровиќ

Шокантна одлука во НБА, има 21 година и се пензионира

Предраг Петровиќ