Македонија со скок од пет места на најновата ранг-листа на ФИФА

Од:

Македонската фудбалска репрезентација со скок од пет места на најновата ранг-листа на ФИФА, Сега „Рисовите“ се наоѓаат на 62. место во светскиот фудбал.

По нерешените 1:1 со Белгија во Скопје и минималната победа од 1:0 на гостувањето кај Казахстан, Македонија собра 15,21 поени повеќе од претходното рангирање. Тоа го донесе скокот на табелата.

Зад Македонија останаа Јамајка, Албанија, Буркина Фасо.

На врвот на ФИФА листата без промени, Аргентина е прва пред Шпанија и Франција.

Најголем скок забележа Костарика која се искачи 14 места и сега е 40-та во светот.

Наредното рангирање ќе биде објавено на 18 септември.

Би можело да ве интересира

Барди: Ова е наш дом, ветувам дека ќе оставиме срце на терен

Гоце Седлоски го очекува во македонскиот табор, ФСС го убедува да игра за Србија

А1он

Нова жалба против Инфантино, обвинет е за кршење на Етичкиот кодекс на ФИФА

А1он

„Војната“ меѓу ФИФА и УЕФА „се разгорува“

А1он

Паредес доби драконска казна од ФИФА за хаосот по финалето на Мундијалот

А1он

Инфантино со силна поддршка од Советот на ФИФА – на повидок нов претседателски мандат

Горан Наумовски