Македонската футсал репрезентација забележа победа над Данска со 4:3 (2:2 на полувреме) во последниот дуел од квалификациите за Европското првенство во Словенија.
Оваа победа не е доволна „црвено-жолтите“ да одат во баражот за ЕП, бидејќи на првите два дуела македонските футсалци беа поразени од Казахстан (3:0) и од Чешка (7:3).
На крајот од квалификацискиот турнир во Ф-групата, Македонија го освои 3.место со со 3 бода, зад домаќинот Казахстан и Чешка, две селекции со по шест бода досега и кои во 15:30 часот го почнуваат меѓусебниот натпревар за првото место што носи директен пласман на ЕП 2018. Последна е Данска со три порази и без освоен бод.