Македонија со максимални 3-0 го совлада Исланд, следува дуелот со Молдавија

Од:

Тениската репрезентација на Македонија со максимални 3:0 го победи Исланд во рамките на мечот од 2.коло од Третата Европска зона од Дејвис купот, а попладнево нашите тенисери ќе играат и против Молдавија. За комплетен триумф над Исланд се погрижија Шендрит Деари и Горазд Србљак, кои со 2-0 во сетови (6:4 и 6:2 во гемови) ги победија Владимир Ристиќ и Егил Сигурдсон. Претходно двете победи за Македонија во сингл мечевите ги донесоа Димитар Грабул и Томислав Јотовски.

Македонија денеска првата победа ја постигна откако претпладнево во продолжението на вчера прекинатиот меч поради дожд ја совлада Малта со 2:1.

Во второто коло првата победа ја постигна и фаворитот Молдавија, која со 2:1 ја победи Малта. Токму Молдавија е третиот противник на нашата репрезентација, почетокот на овој меч нема да биде пред 16:15 часот по македонско време.

Би можело да ве интересира

Зверев и Пол во третото коло на Австралија Опен

Откажан Австралија опен

Парсел призна дека ги прекршил правилата за антидопинг

На тенисерот Меншик му побараа антидопинг тест среде натпревар

Горан Наумовски

Енди Мареј е новиот тренер на Новак Ѓоковиќ

Карлос Алкараз го победи Андреј Рубљев во второто коло на завршниот турнир во Торино