Македонија со дуелот против Тунис го почнува настапот на СП во Катар

Од:

Македонската машка ракометна репрезентација со дуелот против Тунис го започнува својот настап на Светското првенство во Катар.

За Македонија ова е четврто учество на Мундијалите. По дебито во Египет 1999 година и освоеното 18 место, следуваше пауза од 10 години.

Во 2009 на СП во Хрватска токму оваа селекција го започна својот континуитет на големите натпреварувања, а на шампионатот го освои 11 место. Четири години подоцна (2013) нашата селекција на шампионатот во Шпанија заврши како 14-то рангирана.

На првенството во Катар, целта на македонските ракометари е пласман во четвртфиналето кое носи шанса преку дополнителни квалификации да се избори настап на Олимписките игри во Рио во 2016 година.

За да се постигне посакуваното, избраниците на селекторот Ивица Обрван, најнапред ќе треба да бидат меѓу четирите првопласирани репрезентации во групата Б, во конкуренција со Тунис, Иран, БиХ, Хрватска и Австрија.

Распоред на настапите на македонската репрезентација на СП во катар:

Група Б

1.коло (петок – 16.01.) Македонија – Тунис од 15 часот

2.коло (сабота – 17.01.) Македонија – Иран од 17 часот

3.коло (понеделник – 19.01.) Македонија – БиХ од 17 часот

4.коло (среда – 20.01.) Македонија – Хрватска од 17 часот

5.коло (петок – 23.01.) Македонија – Австрија од 17 часот.

Би можело да ве интересира

Гајиќ го играше последното Светско првенство

Ана Ололовска

Избран идеалниот тим на Мундијалот во Катар, Омејер со признанието МВП

Ана Ололовска

Франција е светски шампион во ракомет

Емир Латифовиќ

Полска по продолженија до бронзата

Емир Латифовиќ

Катар по невозможна мисија, Франција не загубила финале 22 години

Емир Латифовиќ

Чешки судии за финалето попладнево

Емир Латифовиќ