Македонија се пласираше на СП во Алжир

Од:

Младата ракометна репрезентација на Македонија (У21) попладнево ја победи соодветната селекција на Турција со огромни 20 голови разлика и се пласираше на СП(У21) во Алжир како прво пласирана во групата што се играше во Скопје завршувајќи пред Поругалија само поради подобрата гол разлика.

Нашите млади ракометари после вчерашниот кикс со Португалија денеска мораа да победат со најмалку 19 голови разлика за да завршат први на табелата. Овој расплет се наметна откако претходно Португалија ја совлада Полска со 34:21. Сепак Македонија дојде до целта совладувајќи ја Турција со 39:19, полувреме 22:13.

Шилегов беше прв стрелец со десет гола, пред Талески со девет, додека на голот Даниловски имаше 13 успешни интервенции.

Би можело да ве интересира

Хрватите и Македонците казнети за фрлањето предмети на мечот со Холандија

Предраг Петровиќ

Спектакл во Вараждин: Македонија и подари бод на Унгарија

Горан Наумовски

ЕХФ: Франција и Германија ќе бидат домаќини на Европското првенство во ракомет во 2032 година

Србија остана без двајца селектори во ист ден

Горан Наумовски

Романса на теренот: Босанска ракометарка запросена по натпреварот во Белгија

Предраг Петровиќ

Вардар прв финалист на Струшкиот ракометен турнир