Македонија против Тунис за бронза на кошаркарскиот турнир на МИ

Од:

Македонската кошаркарска репрезентација денеска од 16 часот и 15 минути ќе игра со Тунис во малото финале на Медитеранските игри во Мерсин.

По поразите од Турција и Србија, избраниците на Марјан Србиновски веруваат во победа која би донела бронзен медал од дебитантскиот настап на едно вакво натпреварување.

Двата слободни дена по полуфиналните натпревари во кои Македонија беше поразена од Србија, а Тунис од Турција, отворија добра можност убаво да сеанализира играта на противникот во денешната средба, која воедно ќе биде и последна за кошаркарите во Мерсин.

Репрезентацијата на Тунис одигра вкупно три натпревари во Мерсин и забележа два пораза (Србија и Турција), а ја победи Италија.

По завршувањето натпреварот за трето место ќе се одигра и финалето во кое Србија ќе игра со домаќинот Турција.

Би можело да ве интересира

Почина млад српски кошаркар (15)

Кошаркарите на Црвена звезда се првите финалисти на Купот Радивој Корач

Огњен Добриќ стана 10-тиот најдобар стрелец во историјата на „Црвена звезда“

Кошаркарите на Партизан го победија Монако во 26. коло од Евролигата

Горан Наумовски

Кошаркарите на Црвена звезда ја совладаа Алба во Берлин во 26. коло од Евролигата

Почина Дражен Далипагиќ

А1он