Македонската фудбалска репрезентација вечер од 20 часот и 45 минути во Гдиња против Шпанија ќе го има својот прв настап на Европското првенство во Полска за играчи до 21 година.
Селекторот Благоја Милевски очекува неговите избраници да одиграат борбено и максимално ангажирано против фаворитот.
– Ние сме меѓу дванаесетте најдобри селекции во Европа и имаме право да бидеме горди на тоа. На ова Европско првенство ќе се обидеме да уживаме во натпреварите. Немаме притисок, но ќе се однесуваме одговорно и посветено. Фудбалерите се добро подготвени и сугурен сум дека ќе го дадат најдоброто од себе, изјави македонскиот селектор.
Овој натпревар е во рамките на 1.коло Б-група, воедно прв за македонска репрезентација на едно Европско фудбаско првентсво.
Претходно, од 18 часот во оваа група својот дуел ќе го имаат репрезентациите на Португалија и Србија.
Во текот на вчерашниот ден се одиграа мечевите од 1.коло во А-групата:
Шведска –Англија 0:0 и
Полска – Словачка 1:2.