Со дуелот против Норвешка, кадетската кошаркарска репрезентација на Македонија (до 16 години), попладнево го започнува својот настап на Европскиот шампионат, дивизија Б, чиј домаќин е Сараево.
Дуелот Македонија – Норвешка ќе стартува во 13 часот, а е во рамките од групата А, во која се уште и селекциите на: Португалија, Финска, Бугарија и Естонија.
Само двете првопласирани репрезентации во четирите групи ќе продолжат во четвртфиналната фаза, а пласман во поквалитетната дивизија А ќе обезбедат само трите првопласирани селекции.