Македонија против Франција во првиот дуел на женското ракометно ЕП

Од:

Женската репрезентација на Македонија вечерва во салата „Чаир“ во Ниш го игра првиот натпревар на 10.то Европско првенство што се одржува во Србија. Почетокот на дуелот е во 18 часот и 15 минути што значи и старт на групата Б која ќе се игра во Ниш.

Покрај Македонија и Франција во првото коло од оваа група играат Шведска и Данска (почеток 20:15 часот).

Македонската селекција од вчера се наоѓа во Ниш, каде го одржа и првиот тренинг. Но, за селекторот Гино Стезовски немаше убави вести, бидејќи десното крило Марија Папуџиева се повреди и најверојатно нема да игра на денешниот натпревар со Франција.

Ова не е крај на проблемите со повредите на ракометарките. Најпрвин се повреди Елена Ѓеоргиевска, а потоа на старот од подготовките отпадна и Матилда Атанасоска. Сепак останува желбата на Стрезовски и ракометарките да обезбедат пласман во втората фаза.

Македонија покрај дуелот со Франција, на 6 декември (четврток) ќе игра со Шведска, а на 8 декември (сабота) противник е трикартниот европски шампион Данска.

За натпреварите од првата фаза селекторот Гино Стрезовски ги одреди следните ракометарки:

Голмани: Тања Андрејева (Металург) и Дијана Наумоска (Жито Прилеп).

Крила: Симона Гроздановска (Металург), Драгана Пецевска (Металург), Драгица Митрова (Металург) и Марија Папуџиева (Бодрум – Турција).

Бекови: Мирјета Бајрамовска (Металург), Душица Ѓорѓиевска (Металург), Зорица Десподовска (Металург), Марија Штерјова (Вардар СЦБТ), Билјана Црвенковска (Вардар СЦБТ), Ивана Саздовски (Вардар СЦБТ), Јулија Николиќ (Звезда Звенингород) и Савица Мркиќ (Жито Прилеп).

Пикери: Робертина Мечевска (Металург) и Наташа Младеновска (Металург).

Натпреварот Македонија – Франција ќе го судат унгарските судии Петер Хорват и Балаш Мартон.

Титулата европски шампион ја брани Норвешка.

Би можело да ве интересира

Се онесвести на паркет данскиот судија кого го пцуеја Македонците за „грабежот“ против Холандија на СП во Вараждин

А1он

(ВИДЕО) Илјадници граѓани на Бан Јелачиќ ги чекаат хрватските ракометари

Португалија во транс, Мартим ја одведе во полуфинале

Комплетирано 1/4 финале: Кој против кого до битката за медали?

Хрватска го „скрши“ Исланд и се доближи до четвртфиналето

Бразилските ракометари ја победија Шведска и ја оставија без осминафинале

А1он