Македонија против Бахреин брка втора победа на СП во ракомет

Од:

Македонската ракометнарепрезентација денеска од 14 часот во „Олимпик хале“ во Минхен излегува против Бахреин во потрага по втората победа на Светското првенство кое се одржува во Германија и Данска.

Очекувањата се избраниците на Раул Гонзалез без поголеми да ја запишат втората победа против аутсајдерот во „групата Б“, пред клучните дуели со Хрватска, Исланд и Шпанија кои се играат претстојната недела.

Селекторот на „жолто-црвените“ за овој натпревар излегува со ист состав како на претходниот меч со Јапонија, кој го добивме со 38-29. Бахреин првиот меч го изгуби убедливо против Шпанија (33-23).

Репрезентативците во вчерашните изјави за медиумите потврдија дека максимално се подготвуваат за дуелот со азискиот тим и дека не смее да има опуштање во тимот.

Македонија има позитивен резултат од досегашните пет официјални натпревари со репрезентации од Азија и има исто толку победи.

Натпревари од група „Б“:

14:00 часот Македонија – Бахреин
16:30 часот Хрватска – Јапонија
19:00 часот Шпанија – Исланд.

Би можело да ве интересира

Франција се закити со бронза на ракометното СП

А1он

Полска и Шведска домаќини на СП во ракомет во 2023

Ана Ололовска

Македонската ракометна репрезентација со пораз од Белорусија го заврши настапот на СП

Ана Ололовска

Лазаров: Го допревме дното

Ана Ололовска

Македонските ракометари денеска против Словенија ја отвораат главната фаза на СП

Ана Ололовска

Македонските ракометари поразени од Шведска на стартот на Светското првенство

Жарко Настоски