Македонија против Ангола ќе брка нова победа и подобар пласман

Од:

Женската ракометна репрезентација на Македонија до 18 години денеска ги продолжува натпреварите на Светското првенство кое се одржува во нашата држава.

Во натпревар за пласман од 17-20.место Македонија ќе игра против Ангола. Дуелот ќе се игра во СРЦ „Кале“ во Скопје со почеток во 15 часот и 30 минути. Покрај овој натпревар претходно ќе играат и Тунис – Парагвај во борба за пласман од 17-20.место. Во Скопје на програмата се и средбите за пласман од 21-24.место: Казахстан – Конго и Узбекистан – Кина.

Осминафиналните натпревари ќе се играат во Охрид и во Струмица. Во Охрид се играат дуелите: Унгарија – Холандија (почеток 14 часот); Шведска – Русија (16:15); Норвешка – Бразил (18:30) и Јужна Кореа – Јапонија (20:45). Двојките за осминафиналињата во Струмица се: Германија – Португалија (14 часот), Црна Гора – Аргентина (16:15), Хрватска – Романија (18:30) и Данска – Франција (20:45).

Победниците од осминафиналните натпревари ќе играат во четвртфиналната фаза закажана за среда (30 јули), додека поразените ќе разигруваат за пласман од 9-16.место.

Би можело да ве интересира

Се онесвести на паркет данскиот судија кого го пцуеја Македонците за „грабежот“ против Холандија на СП во Вараждин

А1он

(ВИДЕО) Илјадници граѓани на Бан Јелачиќ ги чекаат хрватските ракометари

Португалија во транс, Мартим ја одведе во полуфинале

Комплетирано 1/4 финале: Кој против кого до битката за медали?

Хрватска го „скрши“ Исланд и се доближи до четвртфиналето

Бразилските ракометари ја победија Шведска и ја оставија без осминафинале

А1он