Тениската репрезентација на Македонија не успеа да се квалификува во Втората Евроафриканска зона од Дејвис купот откако синоќа во Сан Марино загуби од Грција со 2:1.
Противникот го доби решавачкиот меч во игра на двојки.
Александрос Јакуповиќ и Маркос Каловелонис ги победија Предраг Русевски и Стефан Мицов со 6:3 и 6:4 по сетови.
Македонија водеше во дуелот откако Русевски со 2:1 во сетови го победи Каловелонис, а изедначи Јакуповиќ со победата над Шендрит Деари со 2:0 во сетови.
Македонија и следната година ќе игра во Третата Европска зона од Дејвис купот.
Покрај Грција, и Норвешка се пласира ранг повисоко со победата над Грузија.