Македонија по 60. пат избира спортист на годината

Од:

Агенцијата за млади и спорт (АМС) и Сојузот на спортски федерации на Македонија и годинава традиционално ги избираат најуспешните во спортот за 2014 година.

– Годинава славиме голем јубилеј, 60 години од првиот Избор на спортист на годината. Почнувајќи од далечната 1954 година кога скијачот Јахија Рефик за првпат беше избран за спортист на Македонија, оттогаш па наваму многу големи спортски имиња на државата се закитија со ова спортско одличје за нивните врвни спортски резултати на меѓународната спортска сцена, изјави на денешната прес-конференција директорот на АМС Марјан Спасески.

Тој ги информира присутните за кои категории ќе се гласа, начинот на изборот на спортистот и кој ќе учествува во гласањето.

– Номинирани спортисти во девет категории за кои што ќе се гласа, како и три категории за најуспешните училишни спортски клубови во делот на основното, средното и високото образование. Номинациите произлегоа пред се од националните спортски федерации, од спортските новинари кои ќе учествуваат во самото гласање заедно со седумчлениот Совет за спорт, рече Спасески.

Во категориите со по пет кандидати ќе се гласа со 1,2,3 4 и 5 поени, додека во категориите со три номинации ќе се доделуваат 1,3 или 5 бода.

Категории и номинирани спортисти, спортски работници и федерации:

СПОРТИСТ НА ГОДИНАТА

ЕМИЛ ПАВЛОВ – Карате 1-во место ЕП (прв златен медал на Европско првенство во историјата на Македонското машко карате во Тампере, дисциплина кумите

ИГОР СТЕФАНОВСКИ – Автомобилизам 1-во место ЕП (Прв европски златен медал во историјата на Македонскиот авто спорт – ридски патеки)

АЉОША НЕДЕВ – Трад. карате 1-во место СП (Прв светски златен медал во историјата на македонското трад. карате во Египет, дисциплина кого – кумите)

ЕВГЕНИЈ ПОП АЦЕВ – Маратон пливање 2-ро место Гран при пливачки маратони (Вицешампион на светската серија во далечинско пливање)

ЗДРАВКО ДЕЈАНОВИЌ – Алпинизам К-2 (прв Македонец кој се искачил на вториот највисок, истовремено најтежок врв за искачување во светот).

СПОРТИСТКА НА ГОДИНАТА

МИРЈЕТА БАЈРАМОВСКА – Ракомет Пласман меѓу 12-те во ЛШ (најдобар стрелец во Лигата на шампионите за Крим, најзаслужна за пласман меѓу 12 најдобри во ЛШ)

ЈАДРАНКА НЕДЕВА ЈАРЧЕВСКА – Трад. карате 1-во место СП (прв златен медал на Светско првенство во Египет во традиционално карате, дисциплина кого – кумите)

ЛИНА ЃОРЧЕСКА – Тенис (освоен турнир во Софија и вкупно 3 финалиња на меѓунадорни турнири)

НАТАША АНДОНОВА – Фудбал 1/2 финале ЛШ (репрезентативка на Македонија, една од најдобрите во Постдам – полуфиналист во женската ЛШ)

ЈУЛИЈА НИКОЛИЌ – Ракомет, 3-то место ЛШ (трето место во ЛШ во Европа и освоени првенство и куп на Македонија со ЖРК Вардар).

МЛАД СПОРТИСТ НА ГОДИНАТА

БЕРАТ ЈАКУПИ – Карате 1-во место ЕП јуниори-кадети (европски шампион на првенството во Лисабон за постари јуниори – 21 година)

ДАВИД БАБУНСКИ – Фудбал (член на млада и на сениорска репрезентација на Македонија и член на Барселона )

ФИЛИП ТАЛЕВСКИ – Ракомет (член на млада и на сениорска репрезентација, четвртфиналист во ЛШ)

АЛЕКСАНДАР СОКОЛОВСКИ – Куглање 3-то место СП (освоен бронзен медал на светско првенство во Брно, во комбинација микс – тандем)

БОБАН ИЛИОСКИ – Кик бокс 3-то место СП јуниор. првенство (бронзен медал на Светско првенство во Римини, дисц. лоу – кик).

МЛАДА СПОРТИСТКА НА ГОДИНАТА

КАТАРИНА МАРИНКОВИЌ – Тенис 13-то место во Тенис Европа до 18 г. (победник на турнир „Дема куп” во Софија)

ПУЛИКСЕНИЈА ЈОВАНОВСКА – Карате 3-то место на ЕП јуниорки (прв Европски медал за македонското карате во Лисабон во кати)

МЕРИ ЈАНЕВА – КУГЛАЊЕ 3-то место СП (освоен бронзен медал на светско првенство во Брно, во комбинација микс – тандем)

АНАСТАСИЈА БОГДАНОВСКИ – Пливање (во Сент Морис во САД собори 5 државни рекорди а на 100 слободно избори норма за СП во Казан 2015 година … Носител на стипендија од меѓународна категорија од АМС)

ИВАНА ЃОРЃИЕВСКА – Ракомет учество СП младинци (младински шампион на Македонија со Металург, член на спортската академија – категоризирана од АМС).

НАЈУСПЕШЕН МАШКИ НАЦИОНАЛЕН ТИМ

ОДБОЈКАРСКА – Полуфинале во Европска Лига (пласман меѓу најдобрите 4 репрезентации во европската лига)

РАКОМЕТНА – 10 место на ЕП (пласман на 10 место на Европско првенство во Данска, и обезбедено учество на светско првенство во Катар 2015)

КОШАРКАРСКА – Пласман на ЕП (успешни квалификации и обезбеден пласман на ЕП 2015 година).

НАЈУСПЕШНА ЖЕНСКИ  НАЦИОНАЛЕН ТИМ

ЖЕНСКИ СЕНИОРСКИ КАТА ТИМ – 1-во место Балканско првенство (златен медал во екипна конкуренција – кати на Балканско првенство во Охрид)

ЖЕНСКА СЕРВА РЕПРЕЗЕНТ.- 3-то место СП (бронзен медал во категорија двојки микс на Светско првенство во Северен Кипар)

ЖЕНСКИ ШАХОВСКИ ТИМ – Учесник на шаховска олимпијада (во Тромсо 5 победи 1 нерешено и 5 порази, на шаховска олимпијада).

НАЈУСПЕШЕН СПОРТИСТ НА ЛИЦЕ СО ИНВАЛИДИТЕТ

ОЛИВЕРА НАКОВСКА – БИКОВА – Стрелаштво 3-то место СП (бронзен медал на светско првенство во Сул во стрелање со пиштол од 10 метри, обезбеден пласман на Параолимписки игри во Рио 2016)

ВАНЧО КАРАНФИЛОВ- Стрелаштво 7-мо место СП (пласман на 7 место на светско првенство во Сул во стрелање со пиштол од 25 метри, обезбедено учество на Параолимписки игри во Рио 2016)

АНДРЕЈ СТОЈАНОВСКИ – Глуви пливање 4-ти места на ЕП (два пласмана на 4 место во Саранск, во трките на 400 мешано и 1.500 слободно).

НАЈУСПЕШЕН СЕЛЕКТОР

ЖАРКО РИСТОВСКИ – Одбојка – (1/2 финале во европска лига и пласман меѓу најдобрите 4 репрезентации)

ПЕЦЕ БЕЛИСТОЈАНОВСКИ – Карате – (прв златен медал на Европско првенство во историјата на Македонското машко карате со Емил Павлов)

БРАНИМИР ЈОВАНОВСКИ – Стрелаштво (бронзен медал на Светско првенство во стрелање со пиштол од 10 метри со Оливера Наковска – Бикова)

ИВИЦА ОБРВАН – Ракомет – (пласман на 10 место на Европско првенство во Данска, и обезбедено учество на светско првенство во Катар 2015)

АЛЕКСАНДАР ЏИКИЌ – Кошарка (успешни квалификации и обезбеден пласман на ЕП 2015 година).

НАЈУСПЕШНА НАЦИОНАЛНА СПОРТСКА ФЕДЕРАЦИЈА

КАРАТЕ ФЕДЕРАЦИЈА НА МАКЕДОНИЈА – (За првпат организација на сениорско Балканско првенство во Македонија и првпат најуспешна земја во регионот – Златен медал на Европско првенство во историјата на Македонското машко карате со Емил Павлов)

РАКОМЕТНА ФЕДЕРАЦИЈА НА МАКЕДОНИЈА – (Организација на Светско младинско првенство за кадетки до 18 години, пласман на 10 место на европско првенство во Данска и обезбедено учество на светско првенство во Катар 2015)

ОДБОЈКАРСКА ФЕДЕРАЦИЈА НА МАКЕДОНИЈА – (Прво учество во квалиф. за Светско првенство, и прво учество во европска лига со пласман меѓу најдобрите 4 репрезентации –органзизација на 38 турнир „Чајка”)

КАЈАКАРСКА ФЕДЕРАЦИЈА НА МАКЕДОНИЈА – (Домаќин на Европско првенство за јуниори и сениори до 23 години во Скопје – организација на 47 „ИКАС” – победник Атанас Николовски)

МАКЕДОНСКА КОШАРКАРСКА ФЕДЕРАЦИЈА – (организација на Европско првенство за кадети до 16 години во Македонија, и обезбедено учество на Европско првенство 2015 година).

Свеченоста на доделувањето на наградите ќе се одржи во сабота на 27 декември во 20 часот и 15 минути во Македонскиот народен театар.

Најдобрите ќе добијат позлатена статуетка – силуета на спортист во движење.

Би можело да ве интересира

Енди Мареј е новиот тренер на Новак Ѓоковиќ

ВИДЕО: Тренер во Италија полуде поради потег на фудбалер, го нападна на теренот

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Откако се посрамоти, австралиската олимпијка замина во пензија

Предраг Петровиќ

Новинар поднесе оставка поради Винисиус, сосема го заборавил кога гласал за Златната топка

Предраг Петровиќ

Мбапе повеќе не сака да игра за Франција додека Дешамп е селектор

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Рубљев збесна – се удираше и се раскрвави со рекет

Предраг Петровиќ