Репрезентацијата на Македонија попладнево игра натпревар за првото место во групата Б на Мундијалот во Катар. Нашите ракометари за противник ја имаат Хрватска, која на последното Светско првенство го освои третото место и бронзениот медал.
Проблем за македонскиот национален тим е тоа што вчера во болница поради труење, најверојатно од сладолед беше Немања Прибак. Според доктор Никола Панчевски, кој е директор на репрезентацијата по добиената терапија (инфузија) состојбата е стабилизирана и дури денеска ќе се знае неговата здравствена состојба.
Против Хрватска „црвено-жолтите“ имаат одиграно само три официјални натпревари и забележано една победа, во 1996 година во Скопје во СРЦ „Кале“ 31:29, а тогаш Хрватите беа олимписки шампиони од Атланта. Во следните два натпревара Македонија загуби, а едниот беше на Европското првенство во Италија 1998 година.
Натпреварот од 4.коло, Македонија – Хрватска се игра во „Духаил Арената“ во Доха со почеток од 17 часот.