Кошаркарите на Македонија губат со 33:39 од Литванија по првото полувреме на вториот натпревар за нашите на Европското првенство во Словенија.
Литванија по првата четвртина водеше со 20:15. А во втората продолжи со силно темпо и до самиот крај водеше со 11 разлика, но во самиот финиш тренерот на Литванија доби техничка заради приговор при шутот на Чековски за 3, имавме вкупно 5 слободни фрлања и топка од страна, Мекејлеб со звукот на сирената направи одличен влез и погоди за поднослива негатива на полувремето.
Јонас Валанчиунас беше нершлива енигма за нашите кошаркари постигна 9 поени, кај нас единствена светла точка Тодор Гечевски со 8 поени.