Македонската тениска репрезентација поведе против Албанија со 2:0 во натпреварот од 2. коло од Д групата од Дејвис купот во Сан Марино, што значи дека третиот дубл меч нема да има резултатско значење.
Нашите тенисери во двата сингл меча загубија само три гема. Во денешниот прв сингл меч Стефан Мицов го победи Реи Пелуши со 6:0 во двата сета, а вториот меч во поединечна конкуренција меѓу Шендрит Деари – Флавио Дече 6:0 и 6:3.
Како трет на програмата е мечот во двојки.
Селекцијата на Македонија со оваа победа го освои првото место во групата и со тоа обезбеди пласман во полуфиналето (се игра во сабота).