Македонската кошркарска репрезентација ја совлада Грција со 77:75 во мечот во Улм, во рамките на пријателскиот Беко куп.
Нашите кошаркари беа подобри во драматичниот финиш, а кошот за победа го постигна Перо Антиќ, на девет секунди до крајот за 76:75.
Предводник на екипата беше Мекејлеб со 25 поени, а покрај него уште тројца завршија со двоцифрен број.
Антиќ имаше дабл-дабл со 16 поени и 10 скока, Војдан Стојановски дојде до 11, Илиевски имаше 10.
Чековски, кој беше прв играч во последниот период имаше вкупно девет поени.